Соработка со правни лица

Работилници: Промоција на здравје

Со цел подобрување на навиките во исхраната, креиравме стручна понуда за работни организации и други колективи (здруженија, друштва, организации).
Нудиме едукација со која што вашите вработени ќе научат што е всушност балансирана исхрана и како да ја практикуваате во работното секојдневието.
Главен резултат на едукацијата е поголема нутритивна свест во работната организација или група која што ќе ја зголеми продуктивноста и мотивираноста кај поединецот или колективот.
Здравата исхрана преставува превентива за современите болести, кои се причина за најголем дел од боледувањата.

Здрав работник = продуктивен работник

Содржината и времетраењето на предавањата се прилагодени на барателот.

Планирање на исхрана во градинки и училишта

  • Планирана исхрана за 4 седмици; изработка на менија со соодветен број на дневни оброци, спрема физиолошките потреби и енергиско – нутритивните вредности 
  • изработка на прирачник за исхрана на деца во предшколска возраст (за родители)
  • соработка со добавителот на храната (стручни совети и сугестии)
  • препораки за приготвување и достава на храната (за добавителот или куварот)
  • предлог рецепти за оброците 
  • континуирана соработка со достапност за консултации и прашања
  • мониторинг на задоволството на самите деца 
  • 2 пати годишно креативни едукативни работилници со децата на тема “Здрава исхрана” 

Планирање на исхрана во домови за стари лица и други видови на заводи

За домовите за стари лица изготвуваме диететни каталози со мени за специфични состојби. Подготвуваме општи и диетни менија.

За дополнителни прашања, информации или за потенцијална соработка , контактирајте не: