Дието терапија при дијабетес

Современите насоки за исхрана кај дијабетичари посочуваат на прецизно планирање на оброците, урамнотежена исхрана и броење на јаглехидратите. Почитувањето на ваквите насоки ни овозможува подобра ин полесна контрола на глукозата во крвта. 

Индивидуалниот пристап е од суштинско значење за подготовка на соодветно прилагоден дието-план. Оценување на досегашната исхраната е дел од процесот, затоа  прв чекор пред конкретните промени е проценка и вреднување на Вашите тековни навики во исхраната (избор, вид и состав на оброците, количина, часовно распоредување и други присутни елементи).

Кога телото се справува со одредена болест, Вашите потреби се разликуваат од потребите на ѕдрава индивидуа. Затоа, врз основа на вашата нутритивна состојба и степенот на физичка активност, подготвуваме дието-план кој што ке биде соодветен на Вашите потреби, можности, желби и цели. Менито е во склад со насоките за здрава исхрана.