Диетотерапија при дисфункција на тироидна (штитна) жлезда

Постигнување хормонска рамнотежа со здрава исхрана и здрав животен стил

Современите насоки за исхрана посочуваат дека соодветно прилагодената исхрана има огромна улога во превентива ин лекување на тироидната жлезда, пред се на состојбата на хипотироидизам.

Во состојба на дисфункција на штитната жлеѕда, важно е иѕбегнување на одредени намирници, кои што пореметуваат соѕдавање на штитниот хормон како и зголемување на внесот на хранливи материи, кои што ја поттикнуваат штитната функција и продукција.

Индивидуалниот пристап е од суштинско значење за подготовка на соодветно прилагоден дието-план. Оценување на досегашната исхраната е дел од процесот, затоа  прв чекор пред конкретните промени е проценка и вреднување на Вашите тековни навики во исхраната (избор, вид и состав на оброците, количина, часовно распоредување и други присутни елементи).

Кога телото се справува со одредена болест, Вашите потреби се разликуваат од потребите на ѕдрава индивидуа. Затоа, врз основа на вашата нутритивна состојба и степенот на физичка активност, подготвуваме дието-план кој што ке биде соодветен на Вашите потреби, можности, желби и цели. Менито е во склад со насоките за здрава исхрана.